Македонија

Богоевски: Нека престанат да лажат, единствена одговорност за случувањата имаат Џафери и ДУИ

Претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски се сомнева дека сето тоа што се случуваше во Собранието вчера, е однапред смислено сценарио на ДУИ, кое беше спроведено од страна на собранискиот спикер Талат Џафери.

„Обидот на колегата Груби да ја префрли вината на Комисијата и нејзиниот претседател, се проѕирна лага. Кога се гласаше на Комисијата, јас во три наврати се обидов да најдам колешката Мирсада Емини-Асани, но два пати ми спушташе, а потоа третиот пат најверојатно по грешка се јави и 12 секунди ми молчеше во слушалка. Од тогаш јас престанав да се обидувам. Немав потврда ниту дека ќе дојде, ниту дека возило е испратно по неа да дојде.

Единствена полоша работа од Комисијата да нема став, е Комисијата да нема кворум и врз основа на тоа да не може да гласа. Доколку чекавме со гласањето, се што требаше е пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да од салата, во која во тој момент колешката Мирсада Емини-Асани не беше присутна, и немаше да имаме кворум, немаше да може да гласаме и немаше да поднесеме извштај во роковите до пртседателот на Собранието.

На крајот порачувам нека престанат да лажат и да ја манипулираат јавноста. Единствената одговорност е кај Џафери и кај ДУИ. Кога ќе ги земеме сите три работи во предвид, најпрво да се саботира работата на Комисијата, потоа и на пленарната седница, а на крај и да се чека да помине полноќ, тоа дава до знаење дека ова е однапред испланирано сценарио“, рече Богоевски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни