Македонија

СДСМ: Тече истрагата за несреќата кај Ласкарци од страна на ОЈО

Од СДСМ велат декаВМРО-ДПМНЕ без концепт продолжува да злоупотребува несреќи и човечки трагедии за дневнополитички цели.

„Во период кога се уште има лица кои се борат за живот по страотната несреќа, ВМРО-ДПМНЕ на морбиден начин се обидува да собере ситни политички поени.

Благодарение на брзата, ефикасна и навремена интервенција на здравствените служби, итната медицинска помош, противпожарната служба и Министерството за внатрешни работи беше спречена уште поголема катастрофа, а можеби и повеќе човечки жртви.

Целокупниот здравствен систем беше активиран во рок од 15 минути по информацијата за несреќата која се случи кај селото Ласкарци а екипите и службите на Министерството за здравство покажаа максимален и професионален ангажман во спасување на животите на тешко повредените.

Во меѓувреме тече истрагата за несреќата во Ласкарци  од страна на Основното јавно обвинителство, а според јавно објавените информации, веќе се обезбедени докази и се сослушуваат сведоци за целосно расветлување на  истата. ВМРО-ДПМНЕ да престане со морбидната навика да злоупотребува несреќи и да ги остави надлежните институции да ја расчитат несреќата.“ велат од СДСМ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни