Македонија

Се огласи македонското МНР за вчерашното задржување на Македонец на границата со Бугарија

Се огласи македонското МНР за вчерашното задржување на Македонец на границата со Бугарија

По повод информациите во јавноста околу задржаниот граѓанин на Република Северна Македонија од страна на полицијата на Република Бугарија, дозволете да Ве информираме дека Министерството за надворешни работи преку својата амбасада во Софија, веднаш оствари контакт со неговите придружници со кои заедно биле за време на престојот во Бугарија, како и надлежните институции на Бугарија, од кои беше информирана дека задржувањето на граѓанинот, не е поврзано со последниот настан во Благоевград, туку поради одредени обврски на граѓанинот поврзани со постар случај.

Министерството, преку амбасадата во Софија останува во контакт со надлежните органи во Бугарија и штом има нови информации дополнително ќе ја информира јавноста.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни