Американската технолошка компанија Енвидија отвори независна истрага по објави дека извршниот директор Џенсен Хуанг имал врска со жена за која американски разузнавачки претставници се сомневале дека работи за кинеската државна безбедност, објави Би-Би-Си.
Компанијата соопшти дека одборот нема причина да верува оти се загрозени тајни на фирмата или националната безбедност и додаде дека Хуанг останува посветен на продолжување на својата функција и на водењето на компанијата.
Одделно, Џенсен Хуанг јавно призна дека бил „неверен“ кон својата сопруга и се извини за болката нанесена на семејството. Тој изјави дека ја презема целосната одговорност за своите постапки и дека не ги исполнил обврските кон вработените, одборот и акционерите на Енвидија.
Според пишувањето на Њујорк Тајмс, на кое се повикува Би-Би-Си, американски разузнавачки функционери верувале дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг, која имала блиска врска со Хуанг, била агентка на Министерството за државна безбедност на Кина.
Енвидија е меѓу најголемите компании во светот и се смета за клучна во производството на хардвер за новите технологии на вештачка интелигенција.