„Односите со владеачката коалиција се добри, и Владата продолжува со својата работа“, ова го истакна вицепремиерот Бујар Османи во врска со изјавата на потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири дека Владата може и без ДУИ.
„Имаме добри односи со вледеачката коалиција. Не гледам дека сега имаме потреба во Владата да се дефокусираме со вакви обиди што повеќе имаат за цел да ја оживеат дебатата низ социјалните мрежи, отколку да одразуваат некаква динамика во односите на двете владеачки партии. Владата продожува со својата работа и продолжуваме понатаму со реформаторската агенда“, изјави Османи.
Османи ги демантира тврдењата дека случувањата со Џафери во однос на барањето за симнувањето на имунитетот на Вељановски, и дека истото било поврзано со судбината на СЈО, односно дека на ДУИ не му одговора да продолжат со истраги бидејќи биле вмешани и нивни функционери.
„ДУИ е единствена партија во Република Северна Македонија што има донесено одлука на претседателството и бара целосна истрага на сите функционери од 2002 до сега, бидејќе време е да се почне битката против лажните вести и пропагандата“, вели Османи.