Организацијата на потрошувачи поднесе иницијатива до Министерството за финансии за промена на законот за лизинг, кој од 2002 година е променет деветпати. Иницијативата произлегува од обесправувањето на корисниците пред да им биде одземено возилото поради задоцнето плаќање, да бидат известени како што пишува во член 11 во законот.
-Особено член 11 од овој закон нас не доведува во ситуација да се двоумиме како правници, му дава многу повеќе права на давателот на лизингот, а многу помалку на корисникот – вели Маријана Лончар Велкова.
А во член 11 во Законот за лизинг пишува:
Доколку условите определени во договорот за лизинг не се исполнуваат од едната договорна страна, другата договорна страна може да го раскине договорот за лизинг со претходно известување во писмена или електронска форма до првата договорна страна во рок не пократок од 5 работни дена.
Во истиот овој член стои:
Давателот може, освен доколку поинаку не е определено во договорот за лизинг, да го раскине договорот за лизинг и да бара веднаш да биде вратен предметот ако: давателот разумно оцени дека постои опасност предметот, којшто е предмет на договорот за лизинг да се изнесе надвор од земјата во која било дозволено да се користи..
„Разумно оцени“ му остава простор на давателот по своја проценка да го одземе возилото.
Одговор побаравме и од Министерството за финансии кое им ги издава дозволите за работа на лизинг компаниите.
Иницијативата е доставена до надлежниот сектор, каде ќе биде направена анализа, по што би била организирана средба со Организацијата за заштита на потрошувачи.
За разлика од кредитот, по пат на финансиски лизинг се финансира конкретен предмет кој станува сопственост на корисникот на лизинг дури откако ќе биде исплатена последната рата. Кај договорот за финасирање преку кредит правен и економски сопственик на возилото е корисникот на кредит. Поради слабата кредитосбособност многумина се одлучуваат да земаат возило на лизинг, но од Организациијата за заштита на потрошувачи, со овој закон и под вакави услови да не се одлучуват на таков чекор. За да не се доведат во ситуација да останат и без пари и без возило.
РЕПОРТЕРКА: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА