Министерот за внатрешни работи на Јужна Кореја и шефот на полицијата на главниот град се извинија за саботната трагедија во која десетици млади загинаа во стампедо на Ноќта на вештерките.
Директорот на органите на прогонот за прв пат призна грешки.
Тој рече дека неколку часа пред инцидентот полицијата добила неколку пријави за потенцијално опасна ситуација, но не презела ништо.
Властите наредија истрага. Во меѓувреме, бројот на жртвите се искачи на 156. Во Јужна Кореја е прогласена 7-дневна жалост.