Македонија

ФОТО: Премиерот се пофали дека за Брисел ќе летал со евтин комерцијален лет

ФОТО: Премиерот се пофали дека за Брисел ќе летал со евтин комерцијален лет

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево со владин тим отпатува за Брисел. Медиуми кои важат блиски до СДСМ објави фотографии во исто време додавајќи дека до нив се испратени од страна на читатели.

Во состав на владината делегација се вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи. На самитот ќе се одржат неколку сесии на кои е предвидено премиерот Ковачевски, заедно со лидерите од Албанија, Србија, Косово, БиХ и Црна Гора, да дискутираат за регионалната соработка и заеднички регионални пазари, за енергетска стабилност и трансформација, како и за перспективите на Берлинскиот процес и стратешките прашања.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни