Македонија

Ако за 3 месеци бугарските клубови не ги сменат имињата, ќе бидат избришани од Централен регистар – Собранието донесе измени во законот

Ако за 3 месеци бугарските клубови не ги сменат имињата, ќе бидат избришани од Централен регистар – Собранието донесе измени во законот

Бугарските културни центри Иван Михаилов во Битола и Цар Борис Трети во Охрид имаат три месеци да ги променат имињата откако Собранието попладнево ги изгласа измените на законот за здруженија. Доколку не го сторат тоа, ќе бидат избришани од Централниот регистар.

Предлогот го поднесе ВМРО-ДПМНЕ, поддршка дадоа и пратениците од власта. Од 120 пратеници, 67 гласале за ЗА.

Тогаш владеачката СДСМ предложија и измени на Законот за партиите со речиси идентичен текст како и Законот за здруженија со кои се осудува фашизмот.

За имињата на фондациите и здруженијата што допрва ќе се отворат во Македонија, мислења ќе дава новоформираната Комисија за употреба на имињата на историските личности, како советодавно тело, а одлуката ќе ја донесе министерот за правда.

Со измените на Законот за политичките партии се забранува и партиите во својата програма, статути и активности да поттикнуваат национална, расна или верска омраза, нетрпеливост, омраза, геноцид, ширење или поддршка на фашизмот, нацизмот, националсоцијализмот итн.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни