Македонија

Еден од објектите на градинката „Фидани“ е надвор од функција

Скршени прозорци, отпад насекаде, исчкртани ѕидови. Вака изгледа објектот на детската  градинка „Фидани“ која се наоѓа во близина на Основното училиште „Лирија“. Успеавме да снимиме и дел од внатрешноста на објектот. Од септември 2018 година овој објект е затворен, а децата беа префрлени во друга зграда која е дел од градинката. Директорката на градинката, Рабие Локу вели дека објектот се очекува наскоро да биде реновиран. Проектот е финансиран од американската Амбасада во вредност од 99 илјади долари.

-Градинката која ја спомнавте е градинката „Цветчиња“. Се очекува реновирање на таа градинка. Во 2018-тата година Општина Чаир доби донација од Инженерската команда на поморските сили при Амбасадата на САД, така што побаравме да се реновира градинката, да не направи изолација и да се смени кровот – изјави директорката Рабие Локу.

Од општина Чаир, велат дека административните процедури за издавање дозвола веќе завршиле.

-Општината Чаир ја заврши административната процедура за издавање дозвола за реконструкција на детската градинка која се наоѓа во близина на Основното училиште „Лирија“. Исполнети се сите технички предиспозиции за отпочнување на активностите во координација со инвеститорот на проектот. Одреден е и периодот. Кон крајот на мај се очекува да започне и процесот на реновирање на детската градинка – рече Куштрим Ала, портпарол на Општина Чаир.

И додека се очекува објектот да добие ново руво, децата ги трпат последиците. Од градинката „Цветчиња“, 100 деца се префрлени во главниот објект на градинката „Фидани“.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД АБАЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни