Тензиите на Корејскиот полуостров се зголемуваат откако Пјонгјанг синоќа истрела 3 нови проектили. Еден од нив беше интерконтинентална балистичка ракета.
Звучниците во северните јапонски провинции ги повикуваат локалните жители да се кријат под земја. Ретко објавеното воздушно предупредување беше активирано со седмиот тест на интерконтинентална балистичка ракета на Пјонгјанг оваа година. Според војската, тој не успеал.
Токио испрати протестна нота до Пјонгјанг. Сеул го осуди инцидентот како „античовечка провокација“ за време на националната жалост во Јужна Кореја за смртоносниот инцидент на Ноќта на вештерките . И Вашингтон ја потврди својата посветеност на безбедноста на двете земји.
Во моментов во регионот се одржуваат најголемите американско-јужнокорејски воздушни вежби кои Пјонгјанг ги дефинира како провокација. Според западните разузнавачи, Северна Кореја наскоро подготвува уште една нуклеарна проба.