Свет

До 2050 година, големите глечери ќе исчезнат, се вели во извештајот на ОН

До 2050 година, големите глечери ќе исчезнат, се вели во извештајот на ОН

Новиот извештај на ОН предупредува дека до 2050 година ќе исчезнат најголемите глечери во светот, пренесоа светските агенции.

Тука спаѓаат глечерите во италијанските Доломити, националните паркови Јосемит и Јелоустоун во САД и Килиманџаро во Танзанија.

Причината за тоа е глобалното затоплување.

Студијата се фокусираше на 18.600 глечери кои покриваат 66.000 квадратни километри, лоцирани на 50 места на светското наследство. Тие претставуваат 10% од вкупната ледена површина на нашата планета. Третина од овие глечери ќе исчезнат до 2050 година.

ОН велат дека се уште има шанси да се спасат преостанатите глечери, но само доколку порастот на глобалните температури не надмине 1,5 Целзиусови степени во споредба со прединдустриските нивоа.

Ако продолжи со вообичаеното ниво на штетни емисии, околу 50% од ледените формации во светот би можеле целосно да исчезнат до 2100 година.

Глечерите на листата на светско наследство губат во просек околу 58 милијарди тони мраз секоја година. Ова е вкупниот годишен волумен на вода што се користи во Франција и Шпанија заедно.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни