Свет

Пакистанската војска урна два индиски авиони

Пакистанската војска соопшти дека урнала два индиски авиони кои го нарушиле воздушниот простор на таа земја.

Авионите на индиските воени влегле во воздушниот простор кој го контролира Пакистан во близината на градот Кашмир, изјави портпаролот на војската Асиф Хафур.

„Еден од авионите падна во делот на Кашмир кој е под контрола на Пакистан, а вториот во делот кој е окупиран од Индија“, изјави воениот портпарол.

Индија во вторникот објави дека после полноќ изведе превентивен авионски напад на пакистанската територија, и убила голем број на припадници на исламска група, а Исламабад предупреди на „повреда“ на границите во спорниот дел на Кашмир.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни