Македонија

Димитров – Цакај: Скопје и Тирана се стратегиски партнери и сојузници во НАТО и ЕУ

Министрите за надворешни работи на Република Северна Македонија и на Албанија Никола Димитров и Гент Цакај, денеска остварија средба во министерството за надворешни работи. Двајцата министри разменија мислења, споделија искуство на патот кон ЕУ.

„Република Северна Македонија не е само земја сосед на Албанија по случајни географски околности, туку и пријаел и стратегиски партнер со кој градиме ефективна соработка. Пристапувањет на Северна Македонија кон НАТО и заеднички пат кон ЕУ е додадена вредност за развој на регионот и негување на мирот и стабилноста“, изјави Цакај.

Димитров се заблагодари за рафитикација на Протоколот за пристап кон НАТО во албанскиот парламент.

„Успехот на една држава од регионот е успех за целиот регион. Многу би сакале во јуни да имаме повод за заедничко славење“, изјави Димитров по средбата.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни