На 27.02.2019 во периодот од 07.00 – 10.00 часот Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Од извршената контрола на 27 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, кај 10 е утврдена неисправност на уредот за запирање, поради што се исклучени од сообраќај и издадени им се прекршочни платни налози.