Македонија

СДСМ: Обвинителствата и судовите работат професионално во служба на законите и во интерес на граѓаните

„Притисоците врз судиите, судство и обвинителства под партиска контрола беа одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши со нивното заминување во опозиција.

Навикнато на таквата пракса, антинароднато ВМРО-ДПМНЕ нема демоктатски капацитет да го разбере тоа. Затоа и денеска очајно, на прес конфренеција, се обидува да врши притисоци врз обвинителството и судовите, се заканува кон судии и обвинители.

Во мислите на Мицкоски очигледно е само одбрана на криминалот на Груевски и ништо друго. Заврши времето на нарачани предмети и пресуди, на монитани судски процеси. Заврши времето кога од белиот дворец некој можеше да му наредува на обвинителството како да постапува.

Денес обвинителствата, судовите работат професионално, независно, во служба на законите и во интерес на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски бадијала се заканува, притисокот треба да го насочи кон градење на сопствените демократски капацитети и да ги остави обвинителството и судството да ја вршат својата работа професионално.

Република Северна Македонија денес е правна држава и секој за кој низ судска постапка ќе се докажа дека го прекршил законот и за тоа постои и правосилна судска пресуда, ќе сноси соодветна одговорност. Исклучоци нема и не смее да има“, се вели во соопштението на СДСМ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни