Македонија

Извршена операција на тежок случај на парализа кај 40 годишна жена во Скопје – оперираше екс министерот и млади колешки од Тетово и Битола

Извршена операција на тежок случај на парализа кај 40 годишна жена во Скопје – оперираше екс министерот и млади колешки од Тетово и Битола

„Денеска на Клиниката за неврохирургија, неколку часа во операциона сала, поминав со д-р Марина од Тетово и д-р Катерина од Битола, специјализантки на неврохирургија“, напиша на Фејсбук поранешниот минстер за здравство Венко Филипче.

Тој додава:

Моите млади колешки се надеж за успешна работа и напредок на Неврохирургија, а наша должност е да се вложиме максимално за специјализантите да добијат соодветно знаење и потребно искуство.

Денеска извршиме операција на тежок случај на парализа кај 40 годишна пациентка. На пациентката и посакувам побрзо опоравување. На младите колешки им посакувам да продолжат да работат со голем ентузијазам.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни