Свет

Северна Кореја: Никогаш не сме склучиле договори со Русија

Северна Кореја: Никогаш не сме склучиле договори со Русија

Северна Кореја  никогаш не склучила договор за оружје со Русија и нема намера да го склучи, објави корејскиот државен медиум KCTA, цитиран од Ројтерс.

Изјавата доаѓа откако САД објавија дека се чини дека Северна Кореја и испорачува на Русија со артилериски гранати.

Северна Кореја го осуди говорот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, нарекувајќи ги неговите коментари за лансирањето на севернокорејските проектили „неправедни“ и опишувајќи ги истрелите како „само контрамерки и самоодбрана за справување со американските воени провокации“.

Во петокот Гутереш ги осуди неодамнешните ракетни лансирања на Северна Кореја и го повика Пјонгјанг „веднаш да започне да се воздржува од преземање понатамошни провокативни дејства“.

„Верувам дека неправедното и пристрасно однесување на генералниот секретар на ОН е донекаде одговорно за се посериозната ситуација на Корејскиот полуостров“, рече заменик-министерот за надворешни работи на Северна Кореја во изјавата објавена од KCTA.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни