Свет

Кинески лек против депресија е одобрен за продажба

Кинески лек против депресија е одобрен за продажба

Кинеската државна администрација за медицински производи одобри нов вид антидепресив развиен од кинескиот универзитет Јентаи за маркетинг, јавува Радио Кина.

Таблетите „Толудесвенлаксин хидрохлорид“ е нов иновативен лек на кинески научници со независни права на интелектуална сопственост за третман на депресија, се наведува во документот за одобрување.

Тиен Џинвеи, професор на Универзитетот Јентаи и водач на истражувачкиот тим, рече дека новиот лек е троен инхибитор на повторно земање на 5-хидрокситриптамин, норепинефрин и допамин и има докажани ефекти во ублажувањето на симптомите. Неговиот развој траеше повеќе од 10 години и се фокусираше на надминување на недостатоците на најчесто користените антидепресиви, додаде професорот.

Џанг Хунјен, професор во Шестата болница на Универзитетот во Пекинг, рече дека според резултатите од клиничките испитувања, новиот лек е во состојба да ги задоволи потребите на пациентите за ублажување на симптомите како анксиозност, замор и когнитивни нарушувања.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни