Свет

Цените на нафтата паѓаат, фокусот е ставен на ситуацијата во Кина

Цените на нафтата паѓаат, фокусот е ставен на ситуацијата во Кина

Цените на суровата нафта паднаа на меѓународните пазари подлабоко под 98 долари, притиснати од стравувањата од рецесија и влошување на пандемијата на Ковид-19 во најголемиот светски увозник, Кина. На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше за 31 цент пониска во однос на вчерашното затворање на трговијата и изнесуваше 97,61 долар. На американскиот пазар барелот се тргуваше за 50 центи пониско, по 91,29 долари.

Пазарното расположение беше засилено во понеделникот со извештајот дека кинеските власти размислуваат за олеснување на строгите ограничувања насочени кон спречување на ширењето на Ковид-19. Но, голем број кинески градови, вклучително и Гуангжу, повторно забележаа нови случаи на коронавирус, намалувајќи ја можноста за олеснување на мерките.

„Треба да се потсетиме дека нултата толеранција на Кина кон новите бранови на инфекција со Ковид беше главната причина за значително намалената (прогноза) на светската побарувачка на нафта минатиот месец“, објавена од Меѓународната агенција за енергија, рече аналитичарот на PVM, Тамас Варга.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни