Свет

Девет лица од кои 8 деца загинаа во пожар во Турција

Девет лица од кои 8 деца загинаа во пожар во Турција

Девет лица, меѓу кои осум деца, загинаа во пожар што избувна во текот на ноќта во четирикатница во западната турска провинција Бурса, јавија турските медиуми.

Загинатите се осум деца и мајка на некои од децата, соопшти рано денеска градоначалникот на Бурса Јакуп Јанболат, цитиран од ТРТ.

Тој прецизираше дека загинатите се по потекло од Сирија. Шест од децата биле дел од исто семејство, а останатите две биле нивни роднини. Тие биле на возраст од една до 11 години.

Во моментот на пожарот таткото не бил во станот. Тој бил примен на лекување откако бил испукан гас додека се обидувал да го изгаси пожарот, соопштија турските власти.

Пожарот избувнал на вториот кат од четирикатницата, во која живеат претежно сириски бегалци, околу полноќ, додека децата и мајката спиеле, додава Си-Ен-Ен-Турк. На местото на настанот пристигнаа пожарникари, полиција и медицински екипи. Тричлено семејство е спасено од третиот кат.

Прелиминарната истрага покажува дека пожарот бил предизвикан од шпорет во станот, изјави Јакуп Јанболат и додаде дека истрагата е во тек.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни