Свет

Кралот Чарлс гаѓан со јајца, полицијата привела демонстрант

Кралот Чарлс гаѓан со јајца, полицијата привела демонстрант

Полицијата приведе маж откако некој фрлил јајца врз британскиот крал Чарлс и неговата сопруга Камила за време на нивната посета на Јорк.

Мажот беше приведен додека членовите на јавноста се собраа во Micklegate Bar, традиционалниот кралски влез во градот, за да ја поздрават кралската двојка. Кралот Чарлс го посети Јорк за да ја открие статуата на неговата покојна мајка, кралицата Елизабета Втора, јавува Би-Би-Си.

Потоа има намера да се упати во Донкастер за официјално да му додели статус на град.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни