Македонија

Реакција на „Железници-транспорт“ на обвинувањата од „Левица“

Реакција на „Железници-транспорт“ на обвинувањата од „Левица“

Од Кабинетот на Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје со реакција за обвинувањата од „Левица“.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Како прво неосновани се наводите дека Вработените во Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје се упатуваат на „доброволен“ привремен принуден одмор на барање на Генералниот директор. Донесена е Одлука на Управниот одбор, а согласно Мерките и Препораките на Владата на РСМ бр.41-8940 од 10.10.2022 година со која Вработените имаат можност на нивно лично барање, а по претходно одобрение од Раководно лице за да не се наруши технолошкиот процес на работа, им се издава решение за доброволен привремен принуден одмор во траење од минимум пет работни дена.

Водено сакаме да нагласиме дека донесена е првична одлука каде вработените имаат можност на нивно барање да одат на доброволен принуден одмор во траење од пет работни дена со што се појави поголем интерес од страна на вработените и истата одлука беше изменета со најмалку пет работни дена. Повторно ќе нагласиме дека тоа е врз доброволна основа со поднесено писмено барање преку архива од страна на самиот вработен во кој сам лично си наведува и денови на користење со дадено одобрение од Раководно лице во организациониот дел каде работи, а не обратно.

Исто така нагласуваме дека неосновани и паушални се наводите дека Генералниот Директор Мајан Вејсели „си ги згрижил своите партиски луѓе со разни договори на дело, а кои воопшто не одат на работа и дека за овие вработени се исплаќа повеќе од еден милион денари на месечно ниво“

За ова прашање да Ве известиме дека од почетокот на мандатот на Генералниот Директор Мајан Вејсели па до денешен ден ангажирани се само три лица на договор на дело согласно сите законски прописи.

Во однос на прашањето дека Генералниот Директор Мајан Вејсели не исплатува надоместоци за починат член на семејство, прекувремени саати и други надоместоци. Почитувана сакаме да Ве известиме дека не се само тие надоместоци има многу повеќе согласно Колективниот договор кои редовно се исплаќаат на вработените и ниту една не била одбиена од страна на генералниот Директо. Напротив Генералниот директор ги потпишува сите решенија кои што се однесуваат за исплата на надоместоци на вработените кои следуваат согласно Колективниот договор на Друштвото и согласно законските прописи. Ниедно барање не е вратено и непотпишано од негова страна, а му следува на вработениот.

Сакаме да потенцираме дека Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје согласно мерките за штедење на Владата на РСМ воведе мерки за штедење со цел намалување на трошоците во услови на енергетска криза и тоа:

1. Преземени се пошироки мерки за заштеда и тоа преку намалување на издатоци за плати и надоместоци во висина од 10 проценти на сите членови на Управниот одбор т.е. Директори во ЖРСМ Транспорт АД – Скопје.

2. Целосно се сведени на минимум сите други трошоци кои се однесуваат на репрезентации и службени патувања од почетокот на мандатот на Генералниот Директор на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје. Водено напоменуваме дека и службената картица на име на Генерален директор која служи за репрезентација од почетокот на неговиот мандат па до денешен ден не е користена.

3. Ве известуваме дека Управниот одбор на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје, воспостави контролен механизам и Процедури за јавните набавки како и контролни механизми и процедури за следење на јавни набавки како и контролен механизам и процедура за готовинско плаќање во ЖРСМ Транспорт АД – Скопје.

4. Исто така обезбедена е донација на GPS уреди за следење на работата на влечните средства со цел да се спречи злоупотреба и порационално искористување на истите.

5. Согласно препораките на Владата на РСМ преземни се дополнителни мерки и од наша страна како Акционерко друштво во државна сопственост со тоа што е донесена Наредба за рационално штедење на електрична енергија со цел намалување на трошоците во услови на енергетска криза.

6. Исто така во тек е имплементација на систем за контрола на потрошувачката на реагенсите.

7. Направена е оптимизација на трасите со што на годишно ниво имаме заштеда од 7 милиони денари.

8. Исто така покрај многу други мерки на штедење намалени се износите на Верна картичките кои се однесуваат за точење на гориво и тоа за сите службени возила на месечно ниво од 15.000,00 денари на 6.000.00 денари по возило.

Напоменуваме дека сите овие мерки се преземени од страна на Генералниот директор Мајан Вејсели во координација со Управниот одбор на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје се со цел намалување на трошоците и поефикасно работење на Друштвото во време во ваква кризна состојба“, стои во соопштението.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни