Американскиот претседател Џо Бајден вечерва во 21 часот по Гринич во Белата куќа ќе одржи говор и ќе одговара на прашања на новинарите, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на соопштение на американската администрација.
Бајден, кој обично дава многу малку прес-конференции, ќе зборува по среднорочните избори одржани вчера, Демократите ги отфрлија предвидувањата за „црвен бран“ на републиканската опозиција.