Македонија

Делегација на ЕП ќе го оценува напредокот на Северна Македонија

Делегација на Европскиот парламент од седум претставници од Комисијата за надворешни работи предводена од естонскиот европратеник Туне Келам, престојува во Скопје за да го оцени напредокот на земјата во европските реформи, како и подготвеноста за можни пристапни преговори.

Делегацијата на Комисијата за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) се состои од Келам (ЕПП), кој е и претседавач, романскиот европратеник Кристиан Преда (ЕПП), Кнут Флекенштајн (СД) од Германија, Хуан Фернандо Лопез Агилар (СД) кој е шпански европратеник, Бас Белдер (АЛДЕ) и Илхан Кјучук (АЛДЕ) од Бугарија и Томас Мезерикс од Партија на Зелените/ЕФА од Унгарија.

Во рамки на посетата на земјава, европратениците Флекенштајн и Кукан ќе остварат средба и со потпретседателот на Парламентот Весел Мемеди

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни