Американскиот амбасадор Џес Бејли кој си заминува од земјава, на својот Твитер профил се заблагодари пишувајќи: „Благодарам Северна Македонија за вашето гостопримство, пријателство и љубезност. До следно видување – се гледаме!“.
Џес Бејли беше потврден како амбасадор на САД во Македонија, од страна на Сенатот, во декември 2014. Во земјава тој пристигна од Анкара каде што беше вршител на должноста амбасадор.
Бејли во јануари годинава објави дека го напушта Скопје на почетокот од март, а потоа и ќе се пензионира од работата во Стејт департментот по 34 години работен стаж.
За иден амбасадор во земјава, која ќе го замени Бејли, претседателот на САД Доналд Трамп ја номинираше Кејт Мери Бирнс. Таа е дипломат од кариера, а во моментов е заменик-шеф на мисија во амбасадата на САД во Грција.
Thank you, #NorthMacedonia for your hospitality, friendship, & kindness. Until next time – се гледаме!
— Amb. Jess Baily (@AmbBaily) March 1, 2019