Тун Келам, европратеникот кој ја предводи седумчлената делегација на Европскиот парламент која е во посета на земјава со цел оценка на реформите за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
-Северна Македонија и вашите граѓани го заслужуваат почетокот на преговорите со ЕУ. Веќе имате постигнато многу да ги започнете преговорите. Иако во оваа фаза не е јасно дали ќе има едногласна одлука на Европскиот совет, ние работиме на тоа. Ваша задача е да го зајакнете националното единство, да ги продолжите реформите. Сега не е време да ги славите успесите кои се реално постигнати, туку да се фокусирате на активностите што се од суштинска важност за вашата земја. Нас ни е потребна Северна Македонија како членка на ЕУ, порача Келам, кој е претседател на Комитететот за надворешни работи при Европскиот парламент.