Се очекува неизвесна претседателска трка. Академикот, Таки Фити во емисија Клик Плус оцени дека е многу важно идниот претседател да биде почитуван и да го сакаат сите граѓани.
Актуелниот претседател покажа каков не треба да биде идниот претседател, вели Алберт Муслиу, додавајќи дека искуството на Албанците со Иванов воопшто не е добро. Тој рече дека сите граѓани треба да бидат свесни за својот избор за претседател.
“Новиот претседател, барем неговиот профил треба да биде профил на севкупен претседател, кој со своите ставови ќе ги претставува сите граѓани, да не зазема страна во тензиите кои се јавуваат меѓу заедниците или различни политички групи и да биде профил кој на одреден начин ќе биде судија во недоразбирањата кои се појавуваат во нашето општество“, изјави Алберт Муслиу, аналитичар.
Попладнево се очекува да биде познат кандидатот на СДСМ и ДУИ. Во игра се Стево Пендаровски, Оливер Спасовски и Никола Димитров. Универзитетскиот професор Блерим Река ќе биде независен кандидат поддржан од Алијанса за Албанците и Движење Беса. ВМРО-ДПМНЕ настапува со универзитетската професорка Гордана Силјановска. На актуелниот претседател на државата, Ѓорге Иванов, мандатот му истекува на 12 мај, а кампањата за нов претседател ќе започне на 1 април.
РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ