Граѓански активисти исклучени од седница на Советот на Шуто Оризари. Бараат објаснување која е причината за гласањето седницата на општината да биде од затворен карактер и граѓанските активисти да бидат оневозможат да ја следат седницата кога истата седницата беше прикажува во живо на социјалните мрежи? Од Институт за истражување и анализи „Ромалитико“ прашуваат дали гласањето било спроведено само за да се исклучи присуството на граѓанските активисти? Од таму обвинуваат дека исклучувањето на граѓански активисти се случува по втор пат, и дека на денешната седница на Советот на општината Шуто Оризари, Претседателот на Советот Сеад Исмаил одлучил со гласање на советниците да ја исклучи јавноста а со тоа оневозможи граѓанските активисти да ја следат седницата на Советот.
„ Јавноста на седницата е еден од најзначајните принципи за работа на институциите со која се обезбедува транспарентност во следењето на работата на општината. Според Правилникот за работа на општина Шуто Оризари, граѓаните се информираат за датумот и карактерот (отворен или затворен) на седницата однапред, а во случај на исклучување на јавноста причините се образложуваат јавно. Во однос на денешната седница на Facebook профилот на Претседателот на Советот се забележува објава за информирање која гласи ” Седница на Совет на општина Шуто Оризари LIVE во 11 часот” објавена еден час пред одржувањето на седницата. Според оваа објава седницата не се планирала да биде од затворен карактер, а тоа се докажува и со самото пренесување на целата седница во живо на Facebook. Според видео снимката исто така наведуваме дека немаше реакција од страна на присутните советници за ваквиот начин на искучување на граѓанските активисти и за проследувањето на седницата јавно.“ – велат од Институтот за истражување и анализи „Ромалитико“.
Од општина Шуто Оризари велат дека согласно член 89 од Деловникот за работата на Советот на општина Шуто Оризари, седниците на Советот се јавни. Советот обезбедува информирање на јавноста за својата работа и за работата на работните тела како и за одлуките и ставовите во врска со прашањата за кои расправале.
„ Согласно истиот член и член 90 од Деловникот, Советот може да одлучи да работи и без присуство на јавноста, по предлог од најмалку 5 членови на Советот, Градоначалникот или предлагачот на актот. Општина Шуто Оризари и Советот на општината работат транспарентно и отчетно, седниците се пренесуваат најчесто преку социјалните мрежи, додека како општина работиме и на унапредување на овој сегмент на нашата работа преку набавка на професионална опрема за стриминг на седниците, се со цел граѓаните навремено да добиваат информации за одлуките кои се носат а кои се во насока на унапредување на нивниот квалитет на живот.“ – велат од општина Шуто Оризари.
И додека од општина Шуто Оризари велат дека работат транспарентно и се повикуваат на Деловникот, од Институт за истражување и анализи „Ромалитико“ се децидни дека со денешниот акт се прави повреда да принципот на јавност, се врши злоупотреба на одредбите за затворање на седницата и се постапува спротивно од правилата за работа.