Македонија

Македонија се задолжи за 530 милиони евра од ММФ

Македонија се задолжи за 530 милиони евра од ММФ

Пратениците на денешната 92-ра седница во Собранието на Република Северна Македонија го изгласаа Предлог законот за задолжување на земјата кај Меѓународниот монетарен фонд со Кредитна линија за претпазливост и ликвидност во висина од 530 милиони евра.

На дневен ред на седницата беше и Предлог законот за задолжување на Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии. И двата закони тбеа донесени по скратена постапка.

Парите што државата треба да ги добие од ММФ треба да послужат за да се обезбеди ефективна заштита од криза.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни