Македонија

Владата ќе подели 2,8 милиони евра за Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат

Владата ќе подели 2,8 милиони евра за Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат

За денеска во Собранието е закажана 91. седница, на чиј дневен ред, како 25 точка се предложените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Ова е темата која беше актуелна во „Студио 10“ и на која дебатираа Дејан Георгиевски, центар за развој на медиуми и Димитар Мицев, претседател на здружение медиум Објектив.

Медиумските здруженија реагираат велат се подготвува обид за нетранспаретно менување на медиумските закони во Собранието преку измени и дополнувања на законот за аудио и аудиовизуелни медиуми по скратена постапка.

Со таа промена, државата и општините ќе имаат обврска да пуштаат јавни кампањи на комерцијалните телевизии и радија со пари на граѓаните, како што тоа беше пракса пред 2017 година. На околу 30 страници, власта во собранието предлага законски измени со кои секоја година ќе се делат околу пет милиони евра за кампањи од јавен интерес.

Според овие измени, најголем дел од парите ќе ги добијат националните телевизии, додека многу помал дел ќе добијат регионалните меидуми.

Измените на законот се носат експресно, и покрај забелешките на Европската комисија, која во последниот извештај за напредокот на земјата во делот за медиумите нагласи дека праксата на обезбедување платено владино политичко рекламирање кај радиодифузерите, печатените и онлајн медиумите и натаму предизвикува загриженост кај медиумските здруженија, поради ризикот од политичко влијание врз независноста на медиумите.

– Никој не прашан што мислиме за една ткава промена на законот. Изминаитов период во тек е техничка помош од ЕУ за промена и креирање на нов закон на медиуми, власта излегува со предлог кој е нперифалитв. Жално е. што немаме можност да го искажеме нашето мислење во такви слуачи. – Димитар Мицев, претседател на здружение медиум Објектив.

Георгиевски: За ваков закон мора да има расправа. Требаше досега да спроведеме и да реформирме дел од медимуското зкаондавство. При тоа, законот трба да се усогласува со новата ЕУ директива. Измените на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не се според стандардите на ЕУ. Треба да се прелгедаат цели поглавја кои се стари и неадекватни за новата ситуација. – Дејан Георгиевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни