Македонија

Платите во армијата и одбраната растат за 10 отсто – Мисајловски најави историско зголемување

Платите во армијата и одбраната растат за 10 отсто – Мисајловски најави историско зголемување

Вработените во Армијата и одбраната во 2027 година ќе добијат зголемување на платите за 10 проценти. Ова го соопшти министерот за одбрана Владо Мисајловски, откако Владата го усвои Буџетот за 2027 година на последната седница, кој сега треба да биде доставен до Собранието.

Мисајловски оценува дека станува збор за историски чекор, бидејќи зголемувањето, според него, претставува најголем раст на платите досега изразен во апсолутна вредност.

Тој појасни дека покачувањето нема да се однесува само на основната плата, туку и на сите останати компоненти што влегуваат во вкупните примања на вработените во Армијата и одбраната.

„Платите во Армијата и одбраната се зголемуваат за 10 проценти. Тоа значи историски најголемо зголемување во апсолутна вредност. Се зголемува основната плата, но и сите компоненти што се опфатени во платата“, изјави Мисајловски.

Министерот нагласи дека зголемувањето е резултат на социјалниот дијалог и соработката со синдикатите, додавајќи дека подобрувањето на статусот на припадниците на Армијата останува еден од приоритетите.

„Ветив многупати дека ќе работам заедно со синдикатите, заедно со Армијата, оваа институција да биде најдобрата во државата, а со овој чекор по примањата навистина стануваме една од најдобрите институции во државата. Честитки до сите вработени, бидејќи тоа го заслужуваат, го заслужува Армијата, ние сме НАТО Армија и преку социјален дијалог ова го остваривме“, порача Мисајловски.

Тој упати благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за поддршката при реализацијата на ова зголемување.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни