МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
8 Маврови Анови, Лазарополе, Крушево, Берово, 9 Скопје–Петровец, Струмица, Крива Паланка, 10 Виница, Претор, Скопје-Зајчев Рид, 11 Прилеп, Битола, Дебар, Охрид, Гевгелија 12 Дојран, 13 Штип, 14 Демир Капија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 7 часот (во l/m2)
11 Дебар, 8 Охрид, 6 Крушево, Пожаране, 2 Крива Паланка, Претор, Виница, 1 Битола, Прилеп, Тетово, Ѓуриште, Струмица, Берово.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Се задржа претежно облачно со повремени врнежи од дожд, во текот на ноќта повеќе беа застапени во западните, а утринава во источните делови. Дуваше слаб до умерен, а на места засилен ветер, во југозападните делови од југозападен, а долж Повардарието од југоисточен правец (во Штип над 55 км/ч).
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, во текот на денот со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 16 степени.