Зависниците од дрога, алкохол и хазард кои се дел од 18 месечната програма за рехабилитација во Тераписката заедница Покров од Струмица, процесот на реинтеграција ќе го имаат во новоотворената пекарница- социјално претпријатие Бејгл. Во просторот во центарот на градот, штитениците ќе го печат пекарскиот занает кој може да им биде основа за идна професија. Раководителот на проектот Сократ Манчевски, вели дека е задоволен што по неколку години идеата ја претворија во реалност.
– И во последната фаза која ја викаме реинтеграција, нашите штитеници по двајца ќе волонтираат и ќе го учат пекарскиот занат. Тоа ни е цел, зошто тоа ќе им помогне кога ќе излезат надвор, тие кои не се од Струмица да имаат опција плус. Пекарскито занает е на цена деновиве и се бара пекар плус, а ако го усповршат занаетот убедени сме дека полесно ќе најдат работа. Оние кои сакјаат да останат може да се вработтат тука. Тоа ни е цел за сирте овие економски активности за подобро да се реинтегрираат – вели Манчевски.
Освен во процесот на рехабилитација на штитениците, пекарницата треба да промовира и здрав начин на исхрана. Тераписката заедница Покров има и оранжерии со органско производство, како дел од социјалното претприемништво што како здружение го работат.
– Клучна иновација во нашиот Бејгл е што нема да користитме адитиви и хемиски супстанци во пецивата, туку ќе користиме смао природни состојки. Ќе ги возобновиме некои наши домашни стари рецепти со одличен квалитет, кои за жал ги нема во другите ресторани з абрза храна. Значи храната да биде брза, но здрава. Кон крај на април и мај сиот зеленчук што ќе биде тука ќе биде со органско потекло – изјави Манчевски.
Во моментот во Покров се сместени 20 штитеници чиј процес на рехабилитација во најголем дел е финансиран од министерството за труд и социјална политика. Кон средината на годинава, ќе биде отворен Центарот за рехабилитација на лица со попреченост и маргинализирани групи кои исто така ќе може да волонтираат во пекарницата. Нејзиното отворање финансики го поддржа Германскиот центар за соработка, а преку оперативните програми за вработување, отворени се 6 работни места.
РЕПОРТЕР: КАТЕРИНА ДАФЧЕВА