Македонија

Нема празен кревет во детската болница „Козле“ – хоспитализирани 70 деца, 3 на кислород

Респираторните вируси ја наполнија детската болница „Козле“ во Скопје. Моментално таму хоспитализирани се 70 дена, од кои три поради потешка состојба поставени се на кислородна поддршка.

Има и дете кое е позитивно на ковид, а три ипол месечно бебе пак, е со туберколоза. Бидејќи нема место за хоспитализација, сега оние дечиња кои треба да лежат во болнички кревет се препраќаат на Детската клиника при комплексот „Мајка Тереза“, вели Д-р Драган Дацевски.

Педијатрите велат дека во влошување на состојбите на дечињата со респираторни проблеми дополнително придонесува загадувањето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни