Македонија

Полицијата апсеше во Битола, Струмица, Бревеница, Градец и Чари – еве што заплени

Полицијата апсеше во Битола, Струмица, Бревеница, Градец и Чари – еве што заплени

На 22.11.2022 во 01.30 часот на ул.„Даме Груев“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода И.Ж.(28) од Битола, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. Тој бил приведен во полициска станица Битола и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.11.2022 во 22.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода А.Т.(22) од село Еднокуќево, струмичко, затоа што кај него бил пронајден и одземен амфетамин. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.11.2022 околу 21.20 часот на локален пат за тетовска Брвеница, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 19-годишниот Е.И. од тетовско Милетино, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.11.2022 околу 19.15 часот во гостиварски Градец, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ф.Ф.(18) од гостиварско Калиште и Д.Ф.(19) од гостиварско Неготино, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 21.11.2022 во 14.00 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и нож. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни