Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките институционалните посети поврзани со имплементацијата на реформите од Планот 18, денес оствари средба со членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата.
„Државната комисија за спречување на корупцијата претставува еден од најсветлите примери за успешна имплементација на реформите од Планот 18, имајќи ја предвид најнапред инклузивната постапката на носење на новиот закон за работата на ДКСК, преку широки интервенции на експертската јавност и опозицијата; потоа, исклучително транспарентниот избор на новите членовите; но големите очекувања што јавноста ги има од нивната работа“ истакна Османи, посочувајќи го значењето на комисијата не само како важен елемент во превенцијата на криминалот и корупцијата, туку и еден од условите по кои Европската Комисија, а со тоа и земјите – членки на Унијата, ќе го ценат напредокот на земјава од аспект на приближувањето кон Европските правила и стандарди.