На 04.03.2019 во 20.10 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, на излез од Гевгелија, полициски службеници забележале патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и при контрола во возилото биле пронајдени седум лица – мигранти од Авганистан. Во непосредна близина до возилото биле откриени уште 14 лица-мигранти, сите од Авганистан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.