Музејот на ВМРО доби ново име откако Владата на денешната седница ги утврди новите имиња на државните, јавните и институциите финансирани од Буџетот, согласно Договорот од Преспа и уставните измени.
Досега целосно име беше „Република Македонија, Национална установа – Музеј на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на Внатрешна македонска револуционерна организација, сега е преименуван во „Република Северна Македонија, Национална установа – Музеј на македонската борба за самостојност – Скопје“.