Македонија

Краделе од контејнери на воз, уапсени двајца кумановци

Краделе од контејнери на воз, уапсени двајца кумановци

Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода двајца кумановци.

Како што информира МВР, К.А.(24) и О.Ј.(30) се сомничат дека извршиле кражба на Железничката станица во Куманово, при што од контејнери на воз одзеле различни технички предмети.

– Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни