Македонија

Денешните дојави за бомби во Скопје се вчерашни – директорката дури денес го видела мejлот

Денешните дојави за бомби во Скопје се вчерашни – директорката дури денес го видела мejлот

Во однос на денешните дојави за бомби, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски посочи дека дека во тек е проверката за Крива Паланка, а за дојавата за бомба во основно училиште во Петровец, појасни дека се работи за вчерашна дојава стигната на меил на директорката на училиштето.

„Директорката вчера воопшто не го видела мејлот и не го пријавила, дури денеска го видела и пријавила. Бидејќи имаме повеќе училишта со име „Кочо Рацин“ моравме да извршиме проверка кај сите нив. Во тек е проверката и за Крива Паланка“, рече Спасовски.

Тој повтори дека дојавите доаѓаат најчесто од заштитени адреси од странство од каде е тешко да се дојде до факти и информации, поради што и не може да се покрене постапка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни