Њујорк е во потрага по „злобниот истребувач на стаорци “, пренесува Sky News.
Огласот го објави администрацијата на градоначалникот Ерик Адамс. Понудената плата е од 120.000 до 170.000 долари годишно за позицијата „директор за контрола на глодари “.
Кандидатите мора да живеат во градот и да имаат диплома, како и подготвеност да ја извршат функцијата Catch and Destroy користејќи техники за практично истребување глодари, се вели во огласот за работа.
Идеалниот кандидат мора да биде високо мотивиран и донекаде жеден за крв, решен да ги следи сите видови решенија од различни агли, вклучително и подобрување на оперативната ефикасност, собирање податоци, технолошки иновации, управување со отпад и истребување, се наведува во огласот.
Стаорците со години се проблем во Њујорк, но во последните 3 години, според градската санитарна служба, тие се зголемиле за 71%. Овие глодари можат да се видат на улиците, во метрото, па дури и во домовите на луѓето.
Градските власти користат сув мраз за да ги задушат стаорците додека се во нивните скривалишта.