Македонија

Се огласија од МНР за случајот со охридската инфлуенсерка која е најдена со прострелна рана во глава во Јужна Африка

Се огласија од МНР за случајот со охридската инфлуенсерка која е најдена со прострелна рана во глава во Јужна Африка

По добиените информации за почината државјанка на Република Северна Македонија (М.Ј.) во Јужноафриканската Република, Министерството за надворешни работи преку надлежната Амбасадата во Каиро, стапи во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добивме потврда за трагичниот настан.

Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни