Македонија

Tенкови може да ни прати Пенов, може и да пукаат, но протестот е законски, вели Јовановски

Tенкови може да ни прати Пенов, може и да пукаат, но протестот е законски, вели Јовановски

Преку три точки и вечерва останува блокиран крвотокот на Скопје. Движењето е отежнато поради паркираните приватни автобуси кои го блокираат градот. Вчера и денеска слушаме низа на обвинувања кој е виновен а кој во право за протестите.

„Протестот на приватните превозници е законски и е законски најавен, доколку Ристо Пенов смета дека има нешто што е погрешно во целиот случај и дека може нешто да стори за да престане протестот, тогаш нека го направи тоа. Може и тенкови да ни испрати или можат да стрелаат врз возачите на блокадите“, изјави директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски како реакција на синоќешната изјава на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов дека Владата има инструменти и насилно да ги прекине блокадите.

„Ова е самоволие, и јас едвај излегов од Скопје“, Пенов најави мерки за блокадите во Скопје

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни