Вашингтон не ја охрабрува Украина да удри на руска територија. Ова го изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. „Ниту ги охрабривме, ниту им помогнавме на Украинците да извршат удари на руска територија“, рече Блинкен.
Но, тој ја повтори решеноста на Вашингтон да се погрижи Киев да ја има потребната опрема за да се брани.
Третиот руски аеродром беше запален вчера со напад на беспилотно летало, еден ден откако Украина демонстрираше нова способност да навлезе стотици километри во рускиот воздушен простор со напади врз две руски воздушни бази.