Свет

Момче падна во бунар во Индија – спасувачката акција трае речиси 2 дена

Момче падна во бунар во Индија – спасувачката акција трае речиси 2 дена
Акцијата за спасување на осумгодишното момче кое пред речиси два дена падна во тесен бунар во Индија се уште е во тек. Тамошните медиуми јавуваат дека момчето Танмај Саху е во бунарот веќе 38 часа. Несреќата се случила во централната држава Мадја Прадеш додека момчето си играло со пријателите. Официјалните лица велат дека тој е заглавен на длабочина од околу 17 метри, а спасувачите се во трка со времето за да му го спасат животот и да му испратат кислород. Бунарот во целост е длабок околу 120 метри. Окружниот судија Шјамендра Јаисвал изјави за новинската агенција АНИ дека можеби ќе бидат потребни „уште неколку часа“ за да се спаси детето. „Треба подолго од очекуваното бидејќи има камења внатре“, рече Јаисвал. Поради недостиг на вода, неколку земјоделци во Индија поставија бушотини, длабоки бунари ископани во земјата за да извлечат вода, за наводнување. Меѓутоа, откако овие бунари ќе пресушат, тие се напуштени и откриени, што претставува сериозна опасност за минувачите, особено за децата.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни