Францускиот претседател Емануел Макрон повторно се појави со маска, бидејќи смета дека е неопходно да се вратат на некои навики поради зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19 во земјата, пренесе Франс прес.
„Ги следам препораките на мојот министер“, рече тој заедно со министерот за здравство Франсоа Брон, кој исто така носеше маска за време на посетата на францускиот град Поатје.
Макрон препорача луѓето да се вратат на навиките врз основа на доброволниот принцип и чувството на одговорност, бидејќи никој не сака да се врати на универзалните задолжителни мерки.
Во Франција сега има деветти бран на Ковид-19, кој се додава на епидемиите на грип и бронхитис. Владата одбива да воведе присилни мерки, но не исклучува зацврстување на ставот за маските доколку е потребно.