Познатиот шопинг центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје прими дојава за бомба, по што реагираше полицијата и го евакуираше целиот тровски центар и сите вработени додека траат проверките.
Дојави за поставени бомби утрово примиле неколку средни училишта, како и неколку трговски центри.
МВР јави дека закани за поставени бомби имало и на железничката станица, ТЦ Бисер, Флатирон и ПС Центар. Од МВР информираат дека веднаш се превземени антитерористички проверки.
„Денеска (09.12.2022) околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Исто така, пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.“, велат од МВР.