МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
3 Попова Шапка, 5 Лазарополе, 6 Тетово, Крушево, 7 Маврови Анови, 9 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Берово, Крива Паланка, Претор, Прилеп, Струмица, 10 Дебар, Битола, 11 Охрид, Виница, 12 Гевгелија, 13 Штип, 14 Демир Капија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 7 часот (во l/m2)
7 Дебар, 2 Крушево, 1 Охрид, Прилеп, Берово, Струмица.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Времето во текот на ноќта беше облачно со повремен локален дожд, а утринава слаби врнежи од дожд има во источните делови и понекаде на југозападот. Дува слаб ветер од променлив правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 л/м2). Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Во Скопје, облачно, особено попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.