Свет

Годинава загинаа 67 новинари

Годинава загинаа 67 новинари
vintage vision of the profession of reporter

Во 2022 година , 67 новинари и медиумски работници загинале при извршување на својата должност.

Ова се наведува во извештајот на Меѓународната федерација на новинари со седиште во Брисел. Извештајот беше објавен во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права на ОН, резимира АП.

Минатата година тие беа 47. Годинава најмногу претставници на медиумите загинаа во Украина – 12. Тоа се случи најмногу во првите недели од руската инвазија.

Покрај тоа, 375 новинари се во затвори ширум светот. Најмногу ги има во Кина, Мјанмар и Турција. Во однос на минатата година, бројот на приведени е зголемен за десет.

Војната на Русија против Украина, хаосот на Хаити и зголеменото насилство од криминалните банди во Мексико придонесоа за нагло зголемување на бројот на новинари убиени на работното место во 2022 година, алармантно сумиран од невладината организација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни